АктуелноОхрид

20 годишен охриѓанец со автомобил излетал од патот и паднал во канал – пренесен е во болница

На 28.02.2025 година во 02:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, на излез од селото Ново Село, општина Дебрца, патнички автомобил „Фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, што го управувала (20) годишен Охриѓанец,  излетал од коловозната лента и испаднал во канал. По незгодата, Ј.П. со друго возило е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид ка де се констатирани телесни повреди.