На 28.02.2025 година во 23.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во апартман лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу (26) годишен жител од Охрид и (28) годишен жител од Кочани која, прераснала во меѓусебна тепачка со користење физичка сила и стаклени предмети. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
