АктуелноОхрид

(ФОТО) Доделени наградите на охридските Бреинобреин генијалци кои учествуваа на овогодинешниот 13-ти по ред интернационален Бреинобреин натпревар

На денешната средба со медиуми, во Црвен крст Охрид беа доделени наградите на охридските Бреинобреин генијалци од Центарот за развивање на животни вештини БОБ при Црвен крст Охрид, кои учествуваа на овогодинешниот 13-ти по ред интернационален Бреинобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 25 јануари 2025 година.
🥇🥈Во конкуренција од 23.128 илјади учесници од 78 земји, 19 ученици од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, кои учествуваа на овој натпревар, освоија 6 златни медаљи и 13 сребрени медаљи.
💪👩‍🏫👨‍👩‍👧‍👦Овој натпревар е уште еден голем меѓународен успех за охридските Бреинобреин генијалци, а овој успех се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на посветениот и професионален ангажман на тренерите и на поддршката од родителите.
🙌Честитки до сите ученици за постигнатиот успех!
👏Благодарност до родителите за несебичната поддршка при реализација на нашите активности.