Со искрена благодарност и голема чест го прифаќам именувањето за член на Националното координативно тело за превенција на орални заболувања кај децата од 0 до 14-годишна возраст. Ова признание претставува не само лична чест, туку и обврска да придонесам кон подобрување на оралното здравје кај најмладите.
Верувам дека заеднички можеме да создадеме позитивни промени и да придонесеме за подобро здравје на идните генерации, пишува пратеничката во својата објава.
