АктуелноОхрид

Меѓународна научна конференција за услужен сектор на ФТУ – експерти дискутираат за актуелните состојби и трендовите во услужниот сектор и туризмот

Во организација на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид се одржува XVII Меѓународна научна конференција за услужен сектор (International Scientific Conference on Services Sector – INSCOSES 2024).

На Конференцијата учествуваат повеќе од 60 експерти од 20 научни и професионални институции од 11 различни земји кои ќе изнесат стручни видувања на актуелните состојби и трендовите во услужниот сектор и туризмот.

Овој настан е еден од најзначајните научни настани во Охрид во тековнава година, со големо влијание на развојот на научната мисла, иновациите и решавањето на предизвиците во услужниот сектор, не само во нашата земја туку и на глобално ниво, велат организаторите на Конференцијата.

Добредојде на учесниците им посака директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Билјана Стефаноска, која го истакна значењето на науката во развојот на туризмот, потенцирајќи ја уилогата на високобразовните установи во земјава, пред се на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид кој седумнаесетти пат ја организира оваа научна конференција.

Учесниците ги поздрави и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков кој изрази задоволство што оваа значајна Меѓународна научна конференција се одржува во Охрид.