На 14 и 15 септември 2024 година, во Оперативниот центар на Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, се одржа обука за едукатори на теми поврзани со биолошката разновидност и пештерските екосистеми во Националниот парк Галичица, како и со влијанието на климатските промени врз природата во Паркот. Оваа обука беше организирана во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ којшто е поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, а го имплементираат Црвен крст Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Јавната установа Национален парк Галичица.
Реализирана обука за едукатори за биолошката разновидност и пештерските екосистеми во Националниот парк Галичица и за влијанието на климатските промени врз Паркот
Редакцијасептември 18, 2024
posted on











