Претседателство на Сојузот на просветните работници на Република Северна Македонија на 05.09.2024 година (четврток) одржа седница преку платформа зум на која, врз основа на одредбите на својот Статут, ја донесе следната одлука :
Признанието Просветен работник на годината за учебната 2023/24 година се доделува на следните просветни работници :
Од предучилишно образование
а) Категорија воспитувачи
– Роза Костеска- воспитувач во ЈУОДГ „Јасна Ристеска“ Охрид;
б) Категорија стручна служба
– Татјана Михајловска, педагог во ЈОУДГ ОЦ„Раде Јовчевски- Корчагин“, Скопје;
Од основно образование
а) Категорија одделенска настава
– Станче Штерјовска, наставник по одделенска настава, во ООУ „Крсте Мисирков“
Куманово;
-Виолета Петковска – наставник по одделенска настава во ООУ „Кочо
Рацин“,Охрид;
б) Категорија предметна настава
– Ана Цунева, наставник по музичко образование,ООМУ „Боро Џони“ – Струмица
– Олгица Бјалџиева наставник по биологија во ООУ„Петар Поп Арсов“, Скопје
Од средно образование
-Наташа Божиновска – наставник по стручни предмети од електротехничка
струка, во СЕТУГС „Михајло Пупин“ Скопје
Од заедниците
– м-р Хатиџе Топали, наставник по одделенска настава во ООУ „Живко Брајковски“,
Бутел, Скопје и
– Валентина Каранфиловиќ, наставник по математика во српски паралелки во СОУ
Гимназија„Гоце Делчев’ Куманово.
Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за доделување на награди и признанија во рамки на Сојузот по извршено вреднување во приоритет на поднесените прилози од учесниците пријавени по Конкурсот објавен на 26.06.2024 год. на веб страница на Сојузот. На тој начин, сите просветни работници беа известени за отпочнување на постапката за прогласување на Просветен работник на годината за учебната 2023/24 година според Правилникот за доделување на награди, признанија и пофалници на Сојузот.
Признанието ќе биде врачено традиционално с по повод 5 Октомври- Mеѓународниот ден на учителот.