АктуелноОхрид

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Струга

Денеска (08.08.2024) во 01.45 часот, на крстосница од улиците „Боро Хаџиески – Путе“ и „Кузман Јосифоски – Питу“ во Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 33 годишен жител од с.Радолишта, струшко и мопед „априлиа“ со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.