АктуелноОхрид

Традиционална крводарителска акција “Плаошник 2024”

🩸 Крводарителска акција „Плаошник 2024“ 🩸

📣 Традиционалната крводарителска акција, којашто во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во ООУ „Св. Климент Охридски“ (спортска сала) во Охрид, и тоа на:
▪️ 8 август (четврток), во периодот од 19 до 24 часот
▪️ 9 август (петок), во периодот од 9 до 13 часот.

🅰️🅱️ Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период од годината за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид, нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција. 🆎🅾️

🩸❤️ Дарувај крв, спаси живот! ❤️🩸