АктуелноОхрид

Актерот Горан Стојаноски е назначен за нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

Со решение на министерот за културa и туризам, Зоран Љутков, актерот Горан Стојаноски е назначен за нов директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Стојаноски е роден на 2-ри септември 1969 година во Охрид. Тој е дипломиран актер, завршил високо образование на Факултетот за драмски уметности во Скопје и зад себе има 15 години активна работа во полето на културата во Македонија и надвор.

Бил уметнички директор и директор на НУЦК „Григор Прличев“ во Охрид. (Крај)

извор: Република.мк