АктуелноОхрид

Пријави за три лица кои создавале механичка бучава при изведување градежни зафати на улицата „Македонски просветители“

На 13.07.2024 година во 02.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Македонски просветители“ во Охрид, градежни работници поставувале бетонска плоча на стамбен објект во изградба. При извршена контрола, полициските службеници, при изведување градежни зафати со работни машини кои создавале механичка бучава, затекнале 40 годишен  Ресенчанец  и 21 годишен  и 25 годишни жители на Охрид, вработени во градежна фирма од Охрид. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветни пријави.

 

извор: СВР Охрид