АктуелноОхрид

Несреќната судбина на Охриѓанки испеана во Америка

НЕСРЕЌНАТА СУДБИНА НА ОХРИЃАНКИ ИСПЕАНА ВО АМЕРИКА
Судбината на младите охриѓанки Фросина, Деспина, Русе, опеани во староградските песни на музичката тајфа на охриѓанецот Климе Садило, кон крајот на шеесетите години од минатиот век ги заинтересирала и американските дискографски куќи. Прв пат во 1958 година Fiesta Records на Бродвеј издала лонг-плеј плоча со овие надалеку познати песни, на чија обвивка било нагласено дека тоа е музика од Балканот со напомена дека станува збор за македонски песни и игри од Охридските трубадури на Климе Садило и неговиот оркестар, напиша на својот ФБ профил директорот на Историски архив, Никола Митровиќ Бабе.

извор:Никола Митровиќ Бабе