АктуелноОхрид

ЈЗУ Кардиологија – Охрид со нов изглед

Проектот „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија – Охрид „ влегува во финалните фази на реализација. Во предходниот период, Центарот за развој на Југозападен плански регион, успешно ги спроведи активностите кои се насочени кон енергетска ефикасност на објектот. Имена, поставена е нова термо фасада на целиот објект, се интервенираше во реконструкција на кровот и кровниот покривач, како и замена на столаријата во објектот на ЈЗУ Кардиологија- Охрид.
Исто така, преку проектот, се набави нов софистициран ултразвучен ехо апарат за потребите на болницата преку кој ќе им се помогне на пациентите за подобро диагностифицирање.
Како последна фаза на овој проект се очекува да се реализира и активноста за тековно сервисирање и одржување на постојниот информационен систем (хардвер и софтвер) и надградба на модулот за интервентна кардиологија, развој на нови модули и набавка на опрема кои се дел од компонентата за дигитализација.
Проектот се финансира преку Министерство за локална самоуправа и Швацарската агенција за развој и соработка и кофинансирање од страна на ЈЗУ Кардиологија – Охрид. Вредноста на градежните зафати изнесува 17.023.007,00 денари а вредноста на ултразвучниот апарат изнесува 2.907.520,00 денари.
Центар за равој на југозападен плански регион