АктуелноОхрид

Бројот на Египќанско национално малцинство на пописот во Албанија зголемен за четири пати, во 2011 биле 3.300, а на последниов 12.374

12.374 граѓани во Албанија се изјаснале дека припаѓаат на Египќанско национално малцинство на пописот во 2023 година.
👉 3.300 граѓани беа декларирани за припадници на Египќанското национално малцинство на пописот во 2011 година.
🔴 Можеме да кажеме дека бројот е зголемен за четири пати.

Зошто се случи ова?!!!

👉 Прво, од самиот почеток, истакнати активисти сериозно биле ангажирани во изготвувањето на прашањата, вклучувајќи членови од заедницата како пописен персонал на различни позиции, како и одржување континуиран контакт со ИНСТАТ.

👉Во Албанија во 2017 година е прифатено постоењето на осум етнички малцинства, меѓу кои: Македонци, Грци, Власи, Роми, Црногорци, Срби,Бошњаци како и Египќаните што допринесе за поголема мотивација за резултатот на пописот 2023.

Признавањето стои во текстот на законот за заштита на малцинствата во Албанија, кој сe изгласа во собраниска процедура и е закон кој предвидува напредок на состојбата со малцинските права.

👉 Mожеме да кажеме дека четирикратното зголемување на бројот на Египќанската заедница дојде како резултат на добрите модели што се создадоа во текот на овие 10 години. Нешто што го промени и начинот на размислување на припадниците на заедницата во однос на декларирањето на нивната припадност.

извор: Gentian Sejrani