АктуелноОхрид

Со свечена церемонија отворен Меѓународниот извиднички летен камп во Охрид

Со свечена церемонија отворен е 14. Меѓународен извиднички летен камп во Охрид, известува Анадолу.

На церемонијата на свеченото отворање на летниот камп чии организатори се Турската извидничка федерација и извидничкиот клуб Калкан од Северна Македонија, поддржани од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), присуствуваа претставници на турските институции и организации во земјата и стотици извидници од Туркије и од балканските земји.

Во рамки на програмата, на која се интонираа националните химни на балканските земји и на Туркије, претставниците на извидничките групи се претставија себеси и посакаа мир и крај на војните, особено во Палестина.

Хасан Динчер Субаши, претседател на Турската извидничка федерација, во своето обраќање истакна:

„Како што можете да видите, границите на душите на луѓето не се ограничени на границите на нивните земји. Забележувате дека зборуваме со иста душа.“

Зборувајќи дека не се согласуваат со убиствата на децата и младите, без разлика на нивната вера и националност, а камоли да прокрвават дури и од малиот прст, Субаши истакна: „Господ да не ни го расипе нашето единство и солидарност. Ви благодариме многу што дојдовте“.

Мехмет Бајрак, координаторот на ТИКА – Скопје се осврна на важноста на кампот и рече дека главната цел на извидништвото е да се обезбеди физички, духовен, социјален и ментален развој на младите.

Зборувајќи дека ТИКА придава големо значење на поддршката на ваквите активности кои позитивно ќе придонесат за развојот на децата и младите, Бајрак нагласи:

„Со цел да ѝ понудиме подобра иднина на нашата младина, реализиравме многу проекти наменети за децата и младите во многу земји во светот и во Северна Македонија. Поддржавме проекти, особено на полето на образованието, за младите да можат да добијат услуги во подобри услови, и да се развијат себеси од социјален и културен аспект. Ќе продолжиме да ги поддржуваме и во иднина.“

Претседателот на Здружението Калкан, Џенгиз Дестан, им се заблагодари на оние кои ја поддржаа организацијата на извидничкиот камп и рече:

„Да бидам искрен, никогаш не помисливме дека ќе стигнеме толку далеку во оваа извидничка авантура што ја запознавме пред 14 години. Во тоа време бевме возбудени од посетата на Туркије за извиднички активности, каде учествуваме со група од 30 извидници на возраст од 17 години. Денес извидничкиот клуб Калкан има близу 1.400 извидници. Тука имаме подем на извидничкото кампување со речиси 300 извидници.“

Дестан го опиша извидничкиот камп како единствена организација која во Северна Македонија ги обединува децата и младите од различни земји и националности.

На церемонијата на свеченото отворање, од страна на Турската извидничка федерација и од извидничкиот клуб Калкан им беа доделени знаменца и подароци на институциите и организациите за нивното учество и поддршка на 14-от Меѓународен извиднички летен камп, особено на Агенција Анадолу.

Во рамките на програмата, фолклорниот клуб на здружението „Нов Живот“ од Тетово се претстави со традиционални танци и ора.

Кампот, на кој присуствуваат приближно 300 извидници, ќе заврши в четврток, на 27 јуни.

 

извор: Анадолу.

фото:Анадолу.