Uncategorized

Возило излета во провалија на Галичица, две лица загинаа!

Две лица загинаа откако со возило излетале во провалија на Галичица.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека возилото е лоцирано на место викано „Превој“ на Галичица.

-Возилото е паднато во провалија на околу 100 до 200 метри длабочина од регионалниот пат Трпејца – Преспа што води преку Националниот парк „Галичица“, велат од ЦУК.

Екипа на СВР Охрид, планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид се на терен и по направениот увид, продолжуваат со извлекување на настраданите, а и на возилото од провалијата.