На традиционалниот концерт „Младите доаѓаат”, кој се одржува секоја година во македонска Филхармонија, настапи нашиот талентиран виолинист Виктор Србиноски од класата на проф. Елица Рашкова. Тој настапи како солист со оркестарот на Maкедонска Филхармонија предводен од маестро Ангел Спироски со концертот за виолина од Д. Кабалевски. Од 24 ученици од основните и средните музички училишта во Р. Македонија беа избрани само 10, а Виктор беше најмладиот солист. Воедно, од постоењето на ООМУ „Методи Патче” тој е првиот ученик што настапил на сцената со симфонискиот оркестар. Да се настапува со симфониски оркестар е предизвик, а Виктор на тоа одговори беспрекорно. Му посакуваме блескава концертна иднина. Ние уживавме во неговиот настап, уживајте и вие: