понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноОхрид

Холанѓанецот кој се повреди во Канео, благодарение на брзата реакција на Охриѓани е добро и веќе е со својата група

Повозрасен Холанѓанец денеска беше повреден во месноста Канео.

ЦУК информира дека преку Единствен повикувачки број за итни повици 112 во околу 12.00 часот е добиена дојава за повредено лице кое удрило во камен во Охридското Езеро и истото со кајче било пренесено до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид по што било префрлено во општа болница Охрид.

Дознаваме дека станува збор за 88 годишен Холанѓанец кој бил дел од група. Немилиот настан се случил на тесно сокаче во Канео на скалички кога туристот се сопнал и паднал при што многу удрил на раката.

За среќа веднаш реагирал водичот на групата но и мештаните. Веднаш бил префрлен во еден од рестораните каде му била укажана првична помош, по што мештанин со кајче веднаш го префрлил до плоштадот Александрија од каде бил пренесен на хирургија.

Раната веднаш била санирана и сошиена и гостинот веќе е со својата група.