петок, ноември 15, 2024
АктуелноОхрид

На стрелиштето „Бејбунар“ денеска и утре боево гаѓање

Полициски службеници – припадници на редовниот состав од полициската станица од општа надлежност, од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај како и од криминалистичката полиција, денеска и утре (06 и 07.06.2024), на стрелиштето „Бејбунар“ во Охрид ќе спроведат вежбовна активност за боево гаѓање со огнено оружје. Оваа активност се реализира со претходен договор и известување до стрелиштето, ловечкото друштво Охрид, ЈЗУ „Здравствен дом” Охрид и урбаната заедница „Билјанини извори”.

Пред почетокот на боевото гаѓање, полициски екипи извршија теренска обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето „Бејбунар” со цел оневозможување влез на граѓани во безбедносните зони, а медицинското обезбедување ќе го вршат стручните медицински екипи од ЈЗУ „Здравствен дом”.

Апелираме, граѓаните кои се движат кон стрелиштето „Бејбунар“, да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници.

 

извор: СВР Охрид