АктуелноОхрид

Полицијата пронајде хашиш кај 24-годишно лице од струшко Делогожда

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 24-годишно лице од струшкото село Делогожда поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

– При преглед во патничко возило, управувано од пријавениот, извршен на улицата „Партизанска“ во Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа хашиш, информираат од МВР.