На 8.06.2024 година во просториите на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи Третиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024, покровител на настанот е ОСМТХ Командерија „Св.Наум Охридски“ – Охрид , во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид и Здружението Енхелеус Лихнид, Лабино саунд.
Се повикуваат сите деца на возраст од 9 до 15 години да се пријават, без никаков надомест да играат, да се забавуваат во духот на хуманоста.
Организаторите ги повикуваат и сите заинтересирани фирми и граѓани со свои расположливи ресурси, хуманитарно да се приклучат на иницијативата, која ќе допринесе до подобрување на условите на деца со попреченост и аутистични деца.
Oва е трет хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2024 год., кој прераснува во една убава традиција, турнирот ќе биде одлична можност за децата на возраст од 9 до 15 години од Охрид и пошироко, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух, информираат организаторите.
Турнирот во баскет “ 3 x 3 “ ќе се игра на 8-ми јуни на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут рунда, додаваат организаторите.
На турнирот ќе настапуваат деца од три категории и тоа:
Прва категорија за деца до 9 годишна возраст,
Втора категорија од 10-11 годишна возраст,
Трета категорија за деца од 12-13 годишна возраст,
Четврта категорија за деца од 14-15 годишна возраст.
Сите заинтересирани треба да состават своја екипа 3(тројца), можат да учествуваат машки и женски екипи или екипи со мешан состав, без никаков надомест.
Пријавувањето на екипите може да се врши на следниот телефонски број: 076/953-885.
Сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели и традиционално во Центарот за аутизам во Охрид.
Имено, за најуспешните три екипи обезбедени се вредни награди од страна на главниот покровител на настанот, додека секој учесник добива капа и маичка.
Ова е настан кој дефинитивно не смее да се пропушти! Пријавувањето е во тек!