АктуелноОхрид

Охриѓанецот проф. д-р Љупчо Кеверески се стекна со титулата Академик во Српската Академија за Образование

Охриѓанецот проф. д-р Љупчо Кеверески се стекна со титулата Академик во Српската Академија за Образование. Академик е врвна титула за еден научен работник, и се доделува само на заслужни професионалци со добро искуство и импресивни резултати во нивната работа. Свеченото доделување на титулата Академик во Српската Академија за Образование на Проф Др Љупчо Кеверески му беше врачена на Универзитетот во Белград – Учителски Факултет – Белград.

Проф. д-р Љупчо Кеверески е роден 25.04.1959 година во Велгошти, Охрид, Р. Македонија
Основно училиште завршува во Велгошти, а средно образование во ЦСНО, Св Климент Охридски, Охрид


ВО 1985 година дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје на отсекот за Психологија.
• На институтот за социолошко, политичко правни истражувања магистрира во 1997 година на тема ” Дијагностичирање на манталните модели во системот на третирање на надарените ученици“,  со што се стекнува со диплома Магистер по кадровски менаџмент.
• На филозовскиот факултет во Белград на одделот за Психологија се стекнува со академско звање Магистер по психологија.
•На универзитетот во Нови сад на Филозовскиот факултет на одсекот за психологија во 2004 година ја одбранува докторската дисертација на тема: Детерминати и реперкусии на предвремениот упис на надарените ученици со што се стекнува со научен степен Доктор на психолошки науки.
Во 2003 е добитник на највисокото Климентовата награда во областа на образованието на Охрид .
Во 2010 година е избран и ангажиран како меѓународен експерт за рецензирање на научно истражувачки проекти преставено од Министерството за просвета и Владата на Р. Србија.
Ангажиран е како визитинг професор на ФОН Универзитетот-Скопје на предметите Криминалистичка психологија и психопатологија, Методологија на научно-истражувачка работа и Психологија на спортот на Факултетот за безбедност и Спорт и спортски менаџмент.
• Визитинг професор бил на Факултетот за применета психологија во Белград, Р. Србија по предметите Психологија на надареноста, Когнитивна психологија и др.
• Во 2012 година со одлука на Министерот за образвание и наука е назначен за член на експертскиот тим за стандардизација на мерните инструменти за идентификација на видот и степенот на надареноста кај надарените и талентираните ученици.
• Во 2012 година е избран за Член во Одборот за Акредитација и евалуација од Универзитетот Св Климент Охридски-Битола, Педагошки факултет-Битола.
Во 2017 година со одлукана Сенатот е избран за Редовен професор на Универзитетот Ново Место, Р. Словенија
• Во 2018 година избран за рецензент во Националното тело за акредитација и и обезбедување на квалитет во високот образование на Р. Србија.
Член е во комисијата за полагање на стручен испит на Психолошката комора
• Во 2022 година резизбран за рецензент во Националното тело за акредитација и обезбедување на квалитет во високот образование на Р. Србија
Автор е на следните книги: ”

• Кеверески, Л. Како да ги препознаеме надарените и талентирани ученици” НИПО Просветен работник, Скопје  2000 година,
• Кеверески, Л.,Светот на надарените и талентираните, Летра Охрид , 2006
• Кеверески, Л., Патот на талентита, Летра,  Охрид , 2006
• Кеверески, Л., Применети психолошки дисциплини, Педагошки факултет Битола,
• Кеверески, Л., и Николоска,Н.,Каков наставник им треба на надарените и талентираните, Киро Дандаро,Битола  2007
• Кеверески, Л., и Старц, Ј., Патот на успехот на македонските менаџери -дијагностичка студија 2009, Педагошки факултет- Битола, Киро Дандаро – Битола,

• Кеверески, Л., и Старц, Ј., Психологија на комуникација, 2011, Педагошки факултет- Битола, Киро Дандаро,
• Акад. Грозданка Гојков, проф. д-р Јасмина Старц, проф. д-р Љупчо Кеверески, проф. д-р Методија Стојановски, (2016) Менторирање на надарените и талентираните, Словенечко здружение за надарени и македонска аасоцијација за надарени, Лик, Струга
• Котевска Димовска, M., и Љупчо Кеверески, Љ Емоцијалната интелигенција нова визија во лидерството“, Графопром, Битола, 2016.
• Дамоска, Л., Кевероски, Љ., Арнаудова, В. (2019) Воспитувачот, уметноста и развојот на креативноста. Просветно дело, Скопје, 2019


• Кеверески, Л., Jанакиеска М., (2022) Психологија на туризам, Учебник за средно стручно образование (фаза на рецензија пред печатење)
Kako i na den 18.05.2024 godina свеченото доделување на титулата Академик во Српската Академија за Образование на Универзитетот во Белград – Учителски Факултет – Белград.

Поврзани вести:

Проф. д-р Љупчо Кеверески е избран за член на Српската академија за образование

Проф. Љупчо Кеверески еден од авторите на Правилникот за надарени и талентирани студенти на УКЛО одржа предавање на тема “Фактори за развој и постигнување на висок академски успех“

https://ohrid1.com/archives/92675