АктуелноОхрид

Пецаков: Започна изведбата на нова водоводна линија за новиот комплекс згради кај хотелот „Далјан“

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ЈП „Водовод“ започна со изведба на нова водоводна линија за новиот комплекс згради кај хотелот „Далјан“.
Се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал во должина од 730 метри и тоа:
– Профил ф225 мм во должина од 290 метри
– Профил ф160 мм во должина од 240 метри
– Профил ф110 мм во должина од 200 метри
За оваа намена се издвоени 4.725.661 денари од буџетот на Општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

извор: ФБ Кирил Пецаков