АктуелноОхрид

Приведен 19 годишен Охриѓанец кој агресивно се однесувал кон неговите родители и им упатувал закани

Денеска (03.05.2024) во 01.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 19 годишен Охриѓанец, постапувајќи по претходна пријава дека околу 01.10 часот во домот агресивно се однесувал кон неговите родители и им упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

извор: СВР Охрид