сабота, ноември 16, 2024
АктуелноОхрид

Физичка пресметка во с.Горно Лакочереј по претходно расправија во сообраќајот

На 02.05.2024 во 11.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Горно Лакочереј, охридско, по претходно расправија во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 27 годишно лице од Охрид и 39 годишно лице од с.Горно Лакочереј. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

извор: СВР Охрид