АктуелноОхрид

Во сообраќајната несреќа кај Аеродромот тешко повредени две лица

На 30.04.2024 во 13 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистрален пат во близина на влезот за аеродромот „Св.Апостол Павле“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 47 годишен Битолчанец, патничко возило „Киа“, управувано од 79 годишен жител од селото Белчишта, општина Дебрца и паркирано патничко возило „Опел“, двете со охридски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничка 79 од Белчишта, констатирани во Општата болница Охрид и во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид