АктуелноОхрид

ОИК Охрид: Во главниот избирачки список се запишани 51.717 избирачи, ќе се гласа на 87 избирачки места

Во главниот избирачки список за претстојните претседателски избори во Охрид се запишани вкупно 51.717 избирачи, информираат од Општинската изборна комисија (ОИК Охрид).

Граѓаните своето гласачко право во среда ќе го остварат на 87 избирачки места, едно помалку споредено со минатите изборни циклуси бидејќи е затворено гласачкото место во село Завој, а избирачите ќе гласаат во селото Опеница. Доверливиот избирачки материјал е веќе пристигнат.

– Утре своето гласачко право во домашни услови ќе го остварат 172 болни и изнемоштени лица од Охрид. Во посебен извод од избирачкиот список за гласање се пријавени 27 лица од Охрид кои издржуваат затворска казна, 7 лица во установи за вонсемејна грижа и три граѓани од Охрид во дипломатско – конзуларните претставништва, вели за Супер радио и OhridPress Антигона Сионов, претседател на Општинската изборна комисија.

За овој изборен циклус променета е локацијата на 8 избирачки места на територијата на Општина Охрид:

– ИМ 1271, од МЗ „Билјанини избори“, улица „Мирче Ацев“ број 31, префрлено е во ЈЗУ Општа болница (Модуларна), на улица „Сирма војвода“ број 1.

– ИМ 1260, од приватен објект на улица „Даме Груев“ е префрлено во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид (Гимназија).

– ИМ 1297, од хотел „Бетон“ е префрлено во Основното училиште во селото Долно Коњско.

– ИМ 1281 и 1281/1, се префрлени од приватен објект во населбата „Видобишта“ во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, на улица „Живко Чинго“ број 1.

– ИМ 1283 и 1283/1, се префрлени од приватен објект на улицата „Момчило Јорданоски“ во ОУ „Христо Узунов“, на улица „Питу Гули“ број 128.

– ИМ 1267, е префрлено од МЗ „Железничка“ во приватен објект на улица „Железничка“ број 104 А.

На ниво на Република Македонија за седмите претседателски избори во избирачкиот список се запишани 1.814.317 граѓани со право на глас. Во изводите од избирачкиот список за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, додека во странство во дипломатско – конзуларните претставништва или конзуларни канцеларии ќе гласаат 2.569 избирачи. (Крај)

извор: ОхридПрес