АктуелноОхрид

Пецаков: Атмосферата и расположението во цела Македонија е во корист на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја преточиме во огромна разлика и историска победа на 24 април и 8 мај

Во цела петта единица атмосферата е одлична, расположението ја следи таа атмосфера и се надевам дека на 24 април ќе ги видиме резултатите, односно таа атмосфера ќе ја преточиме во огромна разлика помеѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на СДСМ и за веќе на 8 мај да имаме кулминација и таа атмосфера да се преточи во историска победа за Македонија, односно, конечно ослободување на Македонија од ова лудило кое што ја има зафатено во изминатите 7-8 години, вели Кирил Пецаков во линковското вклучување во отвореното студио пред почетокот на денешниот митинг, односно голем народен собир пред македонската Влада со кој ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја започнува кампањата за избор на претседател.

Тој посочи дека како колеги во македонското Собрание имаше прилика да соработува и сиот жар и став кој што професорката го имаше, беше исклучиво за Македонија и бранењето на македонските национални интереси.

„Дополнително, сето она знае што го има, ние како држава треба да искористиме и спроведеме во наредниот период. Докажа и покажа дека е повеќе од достоинствен кандидат кој што Македонија може да ја води на вистински пат и Македонија заслужува да има претседател токму каков што е професорката“, рече Пецаков, повикувајќи ги македонските граѓани масовно да го дадат нивниот глас за професорката Силјановска Давкова.

Тој се осврна и на работата на локалната власт при што истакна дека, динамиката и начинот на работа на сите градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го отсликува начинот на работа, принципот и динамиката на спроведување на сите работи ветени и на кои се обврзале во изборната кампања пред граѓаните дека ќе ги направат.

Посочи дека токму тој ќе биде принципот и на работа на ВМРО-ДПМНЕ понатаму и во централната власт, додавајќи дека ние сме докажале дека за нас зборот е збор, дека секој проект што ќе го реализираме за нас постои отчетност.