На 22.03.2024 во 14.40 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид лишиле од слобода 24 годишен жител од Охрид. При претрес во неговата викенд куќа, помошни простории и патничко возило во с.Косел, охридско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, шприцеви исполнети со кафеава течност, грендер со остатоци од марихуана и еден самострел.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
извор: МВР