АктуелноОхрид

Утрово се спасувани заглавени лица во возило на Галичица, на место каде е забрането за возење

Рано утрово, по повик на 112 во ЦУК, од 05.00 часот па до 08.00 имаше спасителна акција на Галичица, што е успешно завршена во координација на Секторот за операции и координација во ЦУК, информираат од ЦУК.

Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, рано утрово, известува дека има заглавени лица со моторно возило на врвот на Галичица, иако тој патен правец е подолго време затворен за моторни возила. Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто, согласно временската видливост, итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат, а секако и сите надлежни институции биле известени за натамошна постапка. ЦУК информира дека паралелно било комуницирано и со граѓаните од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состојба при што се информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување, велат од ЦУК.

Инаку, согласно информацијата на АМСМ за сезонскиот режим на сообраќај, од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила. се до 01.04.2024 година. На самото место била поставена соодветна сообраќајна сигнализација.