АктуелноОхрид

Левица поднесе иницијатива за изградба на катна гаража

 

Ја известуваме јавноста дека членот на Советот на Општина Охрид од Левица – Виолета Аврамоска поднесе Иницијатива за изградба на катна гаража на просторот во близината на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ на улица АСНОМ, се вели во соопштението од Соопштението од Левица ЛО Охрид, во продолжение на истото се додава:

Изградбата на катна гаража во Охрид е неопходна, поради големиот недостиг на паркинг простор во градот. Ако земеме во предвид дека проектот за изградба на катна гаража во Градски пазар е стопиран поради катноста, со што не е во согласност со препораките на УНЕСКО, најпогодно место за изградба на катна гаража би било СРЦ „Билјанини Извори“, улица АСНОМ, каде е предвидена според детално урбанистичкиот план.

Извор: Левица ЛО Охрид