АктуелноОхрид

Одбрана на докторска дисертација на протоѓаконот Николче Ѓурчиноски

На 27.11.2023 година, во просториите на Институтот за национална историја во Скопје, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, редовен асистент на ПБФ „Св. Климент Охридски“ во Скопје и хонорарен референт во Дебарско-кичевската епархија Охрид, ја одбрани Докторската дисертација на тема „Св. Климент Охридски во културно-историските и црковно-богослужбените традиции“ под менторство на дописниот член на МАНУ проф. д-р Сашо Цветковски, а пред комисијата во состав: проф. д-р Билјана Ристовска – Јосифовска, претседател на комисијата, проф. д-р Танас Вражиновски, проф. д-р Лилјана Гушевска и проф. д-р Драги Ѓорѓиев.

На одбраната на Докторската дисертација присуствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Деканот на ПБФ „Св. Климент Охридски“ Скопје проф. д-р Дејан Борисов, професорот на ПБФ „Св. Климент Охридски“ д-р Ѓоко Ѓорѓевски, како и повеќе свештенослужители од Епархијата и роднини на протоѓаконот.

Од името на нашиот Митрополит и од името на нашата Епархија и нашата МПЦ-Оа, му ја честитаме одбраната на протоѓаконот Николче, со желби и молитви за уште поголеми успеси, за негово добро и за доброто на нашата света Македонска црква, информираат од Дебарско -кичевската епархија.