Професорите Климе Попоски и Бојан Србиноски заедно со професорот Мирко Крафт од Универзитетот за применети науки во Кобург беа дел од проект за одржливост во осигурителниот бизнис поддржан од страна на Владата на Баварија
Во рамките на проектот нашите професори имаа еднонеделна посета на Универзитетот за применети науки во Кобург, Германија
каде остварија состаноци со претседателот на Асоцијацијата за научни истражувања во осигурувањето во Германија (DWfVW), г-динот Волфганг Вејлер, и еден од раководителите на Центарот за регулатива во осигурувањето во Германија, г-динот Хелмут Грундл.
Дополнително, нашите професори одржаа предавања за студентите на универзитетот во Кобург за како осигурителниот бизнис може да придонесе кон одржливиот развој.
Конечно, професорите учествуваа на реномираната годишна конференција на Европскиот регулатор за пензии и осигурување (EIOPA) во Франкфурт
која претставува уникатно место за размена на мислења за политиките во пензискиот и осигурителниот бизнис во Европа помеѓу регулаторите, супервизорите, осигурителниот бизнис и академијата.
Професорите Климе Попоски и Бојан Србиноски од ФТУ, дел од проект за одржливост во осигурителниот бизнис поддржан од страна на Владата на Баварија

Редакцијаноември 28, 2023
posted on
