четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Општина Струга ќе менува дел од генералниот урбанистички план

Општина Струга организира јавна расправа со презентација за измена и дополна на дел од генералниот урбанистички план за град Струга.

Како што соопшти општинската прес-служба, измените се однесуваат за урбаната единица шест и дел од урбаната единица осум, односно блок 19 и блок 23 во катастарска општина Струга.

Според информацијата, јавната презентација ќе се одржи на 22 јануари идната година, а за увид ќе биде достапен во времетраење од 35 дена, односно од 15 декември годинава до 19 јануари 2024 година на веб страницата на Општина Струга и во информацискиот систем Е-урбанизам. Примерок од Генерален урбанистички план во хартиена форма ќе биде изложен на увид на широката јавност во просториите на Општина Струга.

Предмет на јавната презентација и на јавната расправа се графичкиот, текстуалниот и нумеричкиот дел на планската документација на нацрт планот, презентирани на начин што е јасен и разбирлив за широката јавност, стои во информацијата на Општина Струга.

Испративме шест конкретни прашања до ОО СДСМ, а нивниот одговор е: Ставот на СДСМ е непроменет, мора да се запазат препораките на УНЕСКО!

https://ohrid1.com/archives/88685