среда, ноември 27, 2024
Охрид

Охриѓанецот Дејан Чолески е нов претседател на Карате федерација на Македонија

Дејан Чолески од КК „Чоле“ од Охрид е нов претседател на Карате федерација на Република Македонија.

Чолески беше избран на вонредното Собрание кое се одржа денеска во Скопје, откако пред извесно време Петар Белистојаноски си поднесе оставка. Доби 54 гласа од 58 присутни со право на глас, 4 ливчиња беа неважечки, а беше предложен од 79 клуба, без гласови против.

На Собранието беа донесени и промени во Извршниот одбор. Зоран Ѓоргевски и Наташа Стефановска повеќе не се дел од Извршниот одбор, на нивно место влегуваат претставници на КК „Кизаме“ и КК „Консуто“.

извор: ipon.mk фото: ipon.mk