понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Младенче од дива свиња на патеката после мостот, каде е мајката?

Младенче од дива свиња забележано на патеката после мостот. Граѓаните исплашени, посебно затоа што, штом има младенче во близина сигурно е и неговата мајка.

Неодамна пишуваме, а објавивме и видео од наш сограѓанин од сигурносна камера на која се гледа како мечка во потрага по храна слегла до куќите во  Рача. Повеќе од очигледно е дека и дивите свињи во потрага по храна се спуштиле до овој потег, затоа што оваа година прв пат се случува диви свињи да се затекнат токму на оваа фрекфентна патека, на која секојдневно граѓаните пешачат и спортуваат.

Дивата свиња кај нас е мошне ценет ловен дивеч. Покрај тоа што дава голема количина на месо, таа е ценета и поради трофејната вредност на кожата и забите очници (секачи и брусачи).
Таа според Законот за ловството спаѓа во дивеч под заштита за која е утврден ловостој.

Во потрага по храна, дивата свиња мошне често поминува големи растојанија, па така за една вечер може да помине растојание и од околу 40 км. Дивите свињи трчаат исклучително брзо, а исто така се и добри пливачи. Главно се задржуваат по рабовите на шумите каде постојат водотеци. Сакаат да се валкаат во калта и на тој начин се освежуваат и се ослободуваат од кожните паразити. За одмор користат брлог, но пред да легнат во него првин извесно време седат. Стануваат на тој начин што прво седнуваат, ја посматраат околината, па дури потоа стануваат.

Според начинот на исхрана спаѓа во сештојади, што значи дека покрај храна од растително потекло ги јадат и животните кои ќе успает да ги фатат, па дури и лешеви.

 

извор: Охрид 1