Охрид

И Ефто Пупиновски нема да се појави на партиската прослава на СДСМ

Сакам да Ве информирам дека Ефто Пупиноски НЕМА ДА НАСТАПУВА на прославата по повод независноста на Република Македонија која ќе се одржи на ден 08.09.23 г. на Пеленица, општина Кисела Вода.
Исто така, нагласувам дека Ефто нема да биде нечија замена, а од што е толку оргинален самиот по себе е незаменлив -објавата на фејсбук страницата на Ефто Пупиновски доаѓа откако беше најавено дека тој ќе настапи на настанот „Традиционален пикник во Пеленица” по повод 8. Септември, Денот на независноста на Македонија, организиран од Општинската организација на СДСМ – Кисела Вода.

-пишува во неговата објава на ФБ.