СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58 годишно лице од Свети Николе поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. Тој, на социјалната мрежа Фејсбук, под објавен текст поставил коментар со кој промовирал или потикнувал омраза и насилство.
Извор: СВР Охрид