АктуелноОхрид

Пецаков: Проектот за катната гаража е закочен кај одредена стручна комисија на Министерството за култура

Охрид деновиве ја живее една од поуспешните туристички сезони. Хотелските капацитети се исполнети, а и на шеталиштето тешко се одвива разминувањето со луѓето оти чаршијата е преполна со домашни и со странски туристи. Единствен проблем со кој се соочува туристичкиот бисер е недостатокот од паркиралишта.

Гужва, нервозни возачи, борба за паркинг место, од една страна, од друга пак нервозни домаќини кои наидуваат на паркирани автомоболи пред своите домови, блокирани влезови, или пак непроодни тротоари.  Ваква е сликата од центарот на Охрид ,кој деновиве веќе го живее шпицот на сезоната.

Иако со години една од најголемите забелешки на гостите особено во лето е токму паркингот, инсттуциите и понатаму не можат да изнајдат заеднички јазик и да ја стартуваат изградбата на катната гаража за која се зборува со години а со која трајно ќе се реши сообраќајниот хаос во туристичкиот центар.

Градоначалникот Пецаков вели дека општината изготвила се што е потребно, но проектот сега бил закочен кај одредена стручна комисија на Министерството за култура.

Градоначалникот Пецаков апелира до гостите и домаќините сега кога е шпицот на сезоната да ги избегнуваат автмобилите.

извор: Охрид 1