Охрид

Автомобил излета од патот Охрид-Битола кај селото Опеница, повредени две лица

На 21.07.2023 во 08.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Битола, кај с.Опеница, охридско, Љ.Н.(57) од Свети Николе, управувајќи патничко возило „ауди“ со светиниколски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.Н.(56) од Свети Николе, а со телесни повреди се здобил возачот Љ.Н., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Охрид.