АктуелноОхрид

(ФОТО) Уште една несреќа на булеварот Св. Наум Охридски кај Рача

Нова сообраќајна несреќа се случи утрово  на булеварот Св. Наум Охридски, во јавноста попознат како „автопат“ кај Рача.  Оваа несреќа е кој знае која по ред на овај булевар. Охриѓани оваа делница не често ја нарекуваат булевар на „смртта“, затоа што има однесено десетици жртви. Овој патен правец е редовно во полицискиот билтен поради случени трагедии.

Гостите често се во заблуда мислејќи дека возат по автопат па ја прекорачуваат дозволената брзина, но  станува збор за булевар и населено место, каде ограничувањето на брзината е 60 километри на час.

Граѓаните прашуваат зошто конечно некој не разбере дека тука треба да има успорувачи на брзина за да се запрат трагедиите кои се случуваат со години.

 

извор: Охрид 1