АктуелноОхрид

Жител од Рача паднал од скали и се здобил со тешки телесни повреди – пренесен во „Св.Еразмо“

На 30.06.2023 година во 18 часот, во СВР Охрид пријавено е дека, 59 годишен маж од охридската населба Рача, при изведување работни активности во дворното место, паднал од скали и се здобил со тешки телесни повреди. Тој, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

извор: СВР Охрид