АктуелноОхрид

Албански државјанин се повредил при изведување работни активности- сеча на дрва во Франгово – пренесен во болница

На 30.06.2023 година, во СВР Охрид пријавено е дека, 58 годишен маж од селото Рајце, Република Албанија, се повредил при изведување работни активности- сеча на дрва во месноста „Руен“, атар на струшкото село Франгово. Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде se констатирани тешки телесни повреди.

извор: СВР Охрид