петок, ноември 15, 2024
АктуелноВидеаОхрид

(ВИДЕО) Маленко: Не само да имаме желба да влеземе во ЕУ, туку и да се однесуваме како европејци, тогаш ќе биди подобро и во поглед на хигиената, инфраструктурата, однесувањето…

Доаѓам од реален сектор кој се занимава со туризам и работи со европските земји. Забелешките од нашите гости  стигнуваат дирекно до нас. Доколку побрзо влезиме во ЕУ побрзо ќе ги совладаме препреките, во поглед на нелојалната конкуренција, во поглед на инфраструктурата, во поглед на носење на урбанистички планови. Еве проекти од ЕУ се користат за развој на руралните средини, но тоа оди многу тешко поради несоодветна инфраструктура. Сметам дека што побрзо влезиме во ЕУ побрзо ќе ги зголемиме содржините за нашите клиенти, истакна сопственикот и Генерален директор на ВИС ПОЈ  пред дебатата „Европеизација на Македонија- дали сме на добар пат“.

Маленко пред новинарите се осврна и на некои грешки кои се направија конкретно пред почетокот на Туристичката сезона.

„Неможе сред туристичка сезона да се затворат двете главната артерии на градот, Железничка и Туристичка. Се надевам дека нарачателите ќе си останат на зборот и дека до 10 ти јуни ќе се пушти патот како што ветија. Јас реагирав и повторно ќе реагирам, тоа е  наша граѓанска должност затоа што ние се соочуваме со тие проблеми.  Стојам на тоа дека вакви проекти не треба да се прават во сезона. Сеуште закрепнуваме од пандемијата и ова не ни требаше. Секоја година нешто се случува, како намерно да атакуваат на Охрид“, истакна Маленко.

Што се однесува до плажите и фактот дека истите повторно добија концесионери став на Маленко е дека секоја плажа мора да има стопан.

„Јас и покрај тоа што живеам во стариот дел на Охрид, верувајте две години не слегов Канео да се искапам, затоа што беше многу гнасно, не се одржуваше, растурено беше се, а сега кога плажата има стопан, тој ќе се грижи за се. Секаде низ Европа и светот плажите се уредени“, вели Генералниот директор на ВИС ПОЈ и додава:

„Ние туристичките работници се однесуваме како магионичари. Се трудиме сите недостатоци да ги скриеме, но тоа многу не кошта. Не само да имаме желба да влеземе во ЕУ, туку и да се однесуваме како европејци, тогаш ќе биди подобро и во поглед на хигиената, инфраструктурата, однесувањето…

извор: Охрид 1