сабота, ноември 23, 2024
АктуелноОхрид

ОО СДСМ: Грст лаги и невистини од Мицкоски, Пецаков и Донев синоќа го оптоварија Долни Сарај!

Кога нема кој да те пофали бидејќи ништо не си направил за пофалба, се фалиш самиот себе си. Кога не можеш да го реализираш ветеното, по секоја цена бараш виновник – вистинската слика за ДПМНЕ во две реченици, се вели во соопштението од ОО СДСМ Охрид.

Во продолжение го пренесуваме истото во целост:

Речиси 2 години изминаа без реализација на ниту еден поголем проект… освен еден!
Најголем проект е поскапувањето на цените за сите услуги во јавните претпријатија.
Е тоа навистина никој не може да им го оспори и со тоа навистина може да се пофалат.

Каде се адреналинскиот парк, памп траката, велосипедската патека, плоштадите, катните гаражи… ова им беше се’ ветување, се сеќаваат ли !?
И тоа што го прават го прават во најголем дел со средства од централната власт! Зборовите се едно, но бројките се нешто друго. За тоа сведочи ребалансот на Буџетот што го изгласаа. Зголемената проекција на приходи ја направија поради зголемени приходи од дотации од централната власт.
Зошто така гласно на микрофон не кажаа дека очекуваат уште 31 милион денари аплицирани за проекти до централната власт !?
Зошто гласно не кажаа дека во изградбата на фекалната канализациона мрежа во Горно и Долно Лакочереј учествува и централната власт!

Доста е од популизам и невистинити обвинувања.
Зборуваат за проекти кои само тие ги гледаат и никој друг.
Централната власт и понатаму ќе го поддржува Охрид затоа што Охрид им припаѓа на охриѓани и не е лична своина на Пецаков, Донев и Мицкоски.
Нека имаат барем доблест кон своите сограѓани и нека почнат конечно сериозно да работаат !

извор: ОО СДСМ