АктуелноОхрид

Зајакнување на психосоцијалната поддршка во кризна ситуација, тема на денешната работилница одржана во Охрид

Како продолжение на програмата за психосоцијална помош и поддршка во унапредување на добросостојбата и менталното здравје на децата и младите, денеска во Охрид, во организација на УНИЦЕФ и МОН, се одржа работилница за училишните стручни соработници од југозападниот регион на земјата.
Водители на работилницата беа Ирена Дончевска, психолог во „Нико Нестор“ Струга, Ана Попризова, психолог од гимназијата „Орце Николов“ Скопје, и Јасмина Дечков, психолог во ООУ „Партенија Зографски“ од Скопје.

Дадени се насоки и препораки при комуникација со учениците, а настанот беше и прилика за вмрежување на стручните служби, психолозите, педагозите, социолозите, социјалните работници, дефектолозите, со цел зајакнување на нивните капацитети и заемна поддршка да одговорат на актуелниот предизвик.


Целта на работилницата е да се формира усогласен одговор низ училиштата по
повод кризата од трауматскиот настан во Србија. Овој усогласен одговор треба да
помогне да се намали општата вознемиреност, преку информирање базирано на факти, сознанија и стручни толкувања. Во овие услови потребно е повнимателно следење на појавите на булинг, преку поинтензивна соработка со родителите.