АктуелноОхрид

Мобилна амбуланта за бесплатни гинеколошки прегледи на Црвен крст Охрид

Црвен крст Охрид во соработка со Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Македонското лекарско друштво и  УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации овозможува работа на мобилна амбуланта во која ќе се вршат бесплатни гинеколошки прегледи за жените од населените места од Општина Дебрца, со цел превенција од рак на грлото на матката.

Ги известуваме и охрабруваме сите жени на територијата на  Општина Дебрца, кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест, да се обратат или да се пријават на тел број  046 286 855  во Општина Дебрца или на тел бр 070 315 309 и 046 261 909 во Црвен крст Охрид за закажување на термин.

Мобилната амбулантата започнува со работа на 25 мај 2023 година, а пријавените дополнитено ќе бидат известени за датум и време на одржување на прегледите. Прегледите ќе се извршуваат на две локации во Општина Дебрца и тоа с. Белчишта и с. Требеништа.

Со работата на мобилната амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката.

Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во државата.

 

Црвен крст Охрид