АктуелноОхрид

Охридската кошаркарка Сара Ѓорѓиеска дел од женската јуниорска репрезентација која ќе игра на Европското Првенство во Бугарија

Сара Ѓорѓиеска од ГКК „Охрид“ е меѓу избраничките на селекторот на женската јуниорска репрезентација, Јелена Антиќ кои ќе бидат дел од женската кошаркарска репрезентација до 18 години која ќе земе учество на Европското Првенство, дивизија Б, кое во периодот од 30-ти јуни до 9-ти јули ќе се игра во Софија, Бугарија.

Во поширокиот список на кошаркарки на кои ќе се смета во подготвителниот период е и Климентина Модева од клубот „Струга 2009“, но и повеќе кошаркарки од домашните клубови и две интернационални: Милица Николиќ од Торелодонес и Евгенија Танаскоска од Мичиген Меџик.

 

ohridpress.mk