среда, ноември 27, 2024
АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Чисти функционални јавните тоалети во Охрид, концесионерот вели: „Мора да бидат беспрекорно чисти“

Јавните тоалети во Охрид конечно како што доликува на туристички центар. Чисти, средени и функционални. Концесионерот Миле Пендик за Охрид 1 вели дека ќе се погрижат истите да бидат беспрекорно чисти.

Тој изразува огромна благодарност до локалната самоуправа кои му искажале доверба и истите му ги доделија најпрво на една година стопанисување.

Инаку на самото шеталиште, кај малиот плоштад до амамот има тоалет и за инвалиди. А покрај овие јавни тоалети од неодамна има и кај Горна порта. Пендик вели дека веќе размислуваат тоалети да постават и на други фрекфентни локации во Охрид.

извор: Охрид 1