Во рамките на проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“, поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT, се спроведува инвентаризација на пештерите во заштитеното подрачје Нaционален парк Галичица, велат од ОО ЦРвен крст Охрид и додаваат:
Експертски тим од Истражувачкото друштво „Урсус спелеос“ – Скопје спроведува спелеолошки и биоспелеолошки испитувања во пештерите на Галичица. Целта на истражувањата е конзервација и заштита на пештерските екосистеми од негативните ефекти на климатските промени.
Проектот „Заштита на пештерските екосистеми и загрозените растителни и животински видови во Националниот парк Галичица од негативните ефекти на климатските промени“ го спроведуваат Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и Истражувачко друштво „Урсус спелеос“ – Скопје, во соработка со Национален парк Галичица.
извор: ФБ Црвен крст